Грчкиот извоз во Македонија 500 милиони долари

Bez autora
Dec 20 2012

Спорот за името не претставува и не треба да биде пречка за бизнис-соработката меѓу грчки и македонски компании. Од канцеларијата за трговски и економски врски на грчката амбасада во Скопје вчера во Атина пред грчката бизнис-заедница заинтересирана за зголемување на извозот на грчките производи беше претставена бизнис-климата во нашата држава, потенцијалот за грчки извоз во Македонија, како и условите за инвестирање и отворање нови компании. Од канцеларијата потенцираа дека независно од политичкиот проблем, веќе има голема економска соработка меѓу двете држави и има голем простор за продлабочување на таа соработка и зголемување на извозот на грчки производи и услуги во Македонија. Особено беше потенцирано дека во Македонија не постои непријателска клима кон грчките компании.

Грчкиот извоз во Македонија 500 милиони долариСпорот за името не претставува и не треба да биде пречка за бизнис-соработката меѓу грчки и македонски компании. Од канцеларијата за трговски и економски врски на грчката амбасада во Скопје вчера во Атина пред грчката бизнис-заедница заинтересирана за зголемување на извозот на грчките производи беше претставена бизнис-климата во нашата држава, потенцијалот за грчки извоз во Македонија, како и условите за инвестирање и отворање нови компании.

Од канцеларијата потенцираа дека независно од политичкиот проблем, веќе има голема економска соработка меѓу двете држави и има голем простор за продлабочување на таа соработка и зголемување на извозот на грчки производи и услуги во Македонија. Особено беше потенцирано дека во Македонија не постои непријателска клима кон грчките компании.

Олга Мезериду Фаува од грчката канцеларија во Скопје забележа дека иако се работи за мал пазар, сепак, има големи можности за извоз, бидејќи нашата држава во голем дел зависи од увоз на различни производи и услуги. „Постои спорот за името, но, од друга страна, постои и голем простор за соработка. Не треба да заборавиме дека имаме голем извоз кон Скопје, имаме високи директни извози - речиси секој викенд голем број граѓани доаѓаат на шопинг во Солун, околу 500.000 туристи ги поминуваат своите одмори во Грција“, забележа таа. Мезериду истакна дека, генерално, сме потрошувачи со ограничена куповна моќ, но, сепак, има граѓани кои имаат повеќе пари и тие не купуваат дома, туку се вртат кон странство и го избираат Солун како омилен пазар. Според неа, голем дел од солунскиот пазар е поддржан од овој дел од македонските потрошувачи. Таа потенцираше дека можеби македонските туристи не одат во скапи хотели, но во никој случај не треба да се занемари нивното туристичко присуство и моќ затоа што помагаат да се одржат во живот помалите хотели на Халкидики и тоа од почетокот на туристичката сезона во мај, благодарение на поевтините туристички аранжмани.

Пред грчките бизнисмени беше потенцирано дека македонската Влада има креирано добри услови за новите потенцијални инвеститори, индустриски и технолошки зони, стабилен даночен систем и ниското оданочување за странските инвеститори, бесплатното приклучување кон водоводниот и електродистрибуцискиот систем, лесното отворање компании, брзото добивање дозвола за работа. Мезериду истакна дека веќе има неколку грчки компании во индустриските и технолошките зони, од кои дел се во близина на Грција, заедно со американски, англиски, германски и турски компании.

Она што беше посочено како проблематично во работата на не само на грчките, туку, општо, на сите компании во Македонија е засилениот удар на економската криза на државата и пазарот. Акцент беше ставен и на тоа дека државата им должи големи суми на компаниите, што дополнително ја отежнува нивната работа и функционирање. Во врска со работењето на банките, Мезериду вели дека добро работат, но се соочуваат со тешкотии.

„Иако државата е мал пазар, само два милиона граѓани, сепак, е важен за грчкиот извоз. Извозот, директен и индиректен, од Грција постојано се зголемува и очекувам до крајот на годината да изнесува половина милијарда евра“, истакна Мезериду пред грчките бизнисмени. Грција во Македонија извезува нафтени деривати, храна, меѓутоа, според Мезериду има голем простор за извоз на разни грчки производи и услуги.

Во Македонија моментно функционираат околу 280 грчки компании, од кои десетина се вброени во врвните 200 компании во државата и се сметаат за големи работодавци и тие заедно обезбедувајќи од 20.000 до 40.000 работни места.

Искуството на Мезериду покажува дека и покрај политичкиот спор за името, нема непријателска клима кон грчките компании во нашата држава. „Кога пристигнав во Скопје пред две години, се зборуваше дека е невозможно грчки компании да бидат избрани на тендер. Меѓутоа, изминатава година две грчки компании беа избрани на тендери“, посочи Мезериду, додавајќи дека имало големи реакции од медиумите за овие одлуки. Спомена дека грчката компанија „Акторас“ е избрана за изградба на Коридор 10, а компанијата „Интрасофт“ за проект во царинската служба.

Мезериду предупреди дека треба да се има добра подготовка и добро истражување на пазарот пред да се направи каква било трговска активност во нашата држава. Укажа на неуспешни примери на отворени ресторани кои по кусо време затвориле и претрпеле големи финансиски штети. Сугерираше дека е добро грчката компанија да има и локален соработник, кој би можел да реагира и да помогне доколку се појават некакви проблеми.

Мезериду посочи дека особено треба да се внимава на правниот систем, кој оцени дека не е многу пријателски настроен кон грчките компании, од кои дел веќе се инволвирани во правни процеси. Со цел подобро да се опипа пулсот на пазарот за одреден производ или услуга, одделот за економски врски на грчката канцеларијата во Скопје во соработка со Стопанската комора може да организира презентација на грчката компанија пред соодветни компании и потенцијални клиенти за да се види во практика дали има интерес за производот или услугата.

На конференцијата за информирање на грчките бизнисмени за можности за извоз, покрај условите во Македонија, беше презентирана и бизнис-климата и можностите во Германија, Белгија, Франција, Русија и во Турција. Свое обраќање на конференцијата имаше и заменик-министерот за надворешни работи, Димитрис Куркулас. Тој посочи дека економската дипломатија треба да биде прв приоритет на грчката надворешна политика и ја спореди економската дипломатија со врвна патриотска должност за да се подобрат условите и имиџот на Грција.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik